Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало ниту се договорени со ниту една од страните, реагираше Артан Груби од ДУИ, откако медиумите објавија дека постигнат е договор за формирање на влада меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА, со формула 3+1 – последната година од четиригодишниот мандат премиер да биде Албанец.
Груби вели дека ваквите лажни вести се лиферувани од страна на албанската позиција, а со тоа им ги нарушуваат позициите на ДУИ во преговорите.
-Постојаните лажни вести произведени од албанската опозиција ги поткопува преговарачките позиции на ДУИ. Тие прават се за да ја избегнат одговорноста во своите редови поради неуспехот на изборите и измамата што ја направија кон граѓаните. Во моментов, ниту една од многуте вести во медиумите не е потврдена од наша страна, како и да е, кога ќе имаме нешто конкретно, ќе ве известиме благовремено. Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани, вели Груби за Коха.
Претходно, со реакција на веста што доцна попладнево ја објави Канал5 ја демантираше и СДСМ. Тие рекоа дека не е вистина дека има договор за премиер, а исто така не е вистина дека се договорени персонални решенија и поделби на ресори.
Реагираше и генсекот на СДСМ, Љупчо Николовски, кој замоли медиумите да бидат посовесни при пласирањето на потполно неточни информации.