Барањата кои произлегоа од јавната расправа за привремено решавање на проблемот со депонијата Русино, целосно се исполнети.
Заврши инсталирањето на безбедносните камери и псотавувањето на јавно осветлување во и околу депонијата.
Сите точки од договорот за престанок на блокадата од страна на Граѓанската иницијатива „Стоп за депонијата Русино. Чист воздух во Гостивар “.
Претходно, Општина Гостивар ангажираше компании за обезбедување кои ќе бидат на должност 24 часа дневно за да спречат намерно подметнување пожар, а испратени се и соодветни барања и претставки до Владата, Министерството за внатрешни работи и Државниот инспекторат за животна средина. По исполнувањето на сите точки од договорот, односно создавање услови за нормално функционирање на депонијата само за потребите на нашата општина, Општина Гостивар смета дека нема потреба за продолжување со блокадата и ги уверува граѓаните дека договореното доследно ќе се почитува.