САД објавија дека ги суспендираат приватните чартер летови кон Куба, со цел да ја остават комунистичката карипска земја без економски ресурси.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека тој му наредил на американското Министерство за транспорт да ги прекине летовите меѓу САД и Куба затоа што „режимот (на кубанскиот лидер) Раул Кастро користи фондови за туризам за да ги финансира своите злоупотреби и мешање во Венецуела“.
„На диктаторите не смее да им се дозволува да профитираат од американското патување“, додаде Помпео.
Помпео ја критикуваше Куба дека продолжува да „затвора новинари и активисти за демократија“ и дека ја задушува верската слобода.
„Нашата администрација ќе продолжи да ги намалува средствата што кубанската влада ги добива од авионските такси, сместувања во хотели во сопственост на режимот и други приходи поврзани со туризмот“, рече Помпео.
Одлуката за суспензија на САД не се однесува на јавни чартер летови кон Хавана или за приватни чартер летови поврзани со обезбедување итна медицинска помош или мисии за спасување.
Односите меѓу Вашингтон и Хавана значително се заладија по доаѓањето на Доналд Трамп на чело на САД. Неговиот претходник Барак Обама водеше политика за подобрување на односите со Куба.