Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Република Северна Македонија дека на предлог на институтот за здравје, српската влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои: Република Северна Македонија, Хрватска ,Романија и Бугарија ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Република Србија.
Одлуката за државјаните на овие четири земји меѓу кои и Република Северна Македонија ќе започне да важи од утре 15.08, сабота, а тестот не треба да биде постар од 48 часа. За деца до 12 годишна возраст не е потребен ПСР тест.
Со оваа одлука нема да бидат опфатени професионалните возачи, но истите за 12 часа мора да транзитираат низ територијата на Република Србија од еден премин до друг.