Светлана Тихановска, белоруската опозиционерка и главен ривал на претседателот Александар Лукашенко, ги повика нејзините приврзаници да потпишат он-лајн петиција, со барање за пребројување на гласовите од минатонеделните претседателски избори, на кои верува дека победила.
Во видеото објавено на Јутјуб, Тиhановска, која е во Литванија, ги повика приврзаниците да поддржат и официјална истрага за тврдењата дека изборите биле лажирани.
Таа повика на прекин на насилството на протестите, кои ескалираа откако Централната изборна комисија објави дека Александар Лукашенко е реизбран за претседател и им порача на градоначалниците на белоруските градови да организираат мирни протести овој викенд.