„Цивил” ги повикува граѓаните да пријават секаков облик на кршење човекови права, лажни вести и говор на омраза

Здружението на граѓани ЦИВИЛ кое, како што наведува, во својата долгогодишна работа максимално се залага за човековите права и слободи, и ги опфаќа речиси сите аспекти на општествените и политичките појави и текови во земјата, ги повикува граѓанките и граѓаните да пријавуваат случаи на различни облици на кршење на човековите права и слободи, лажни вести и говор на омраза, како и низа други негативни појави, политики и практики. На сајтот на Здружението е објавен формулар во којшто ќе може да се пријават сите горенаведени облици на кршење на човековите права и слободи, лажни вести и говор на омраза, како и низа други негативни појави, политики и практики.
-ЦИВИЛ со особено внимание ќе ги разгледа сите пријави за случаи на дискриминација, закани и притисоци, политички, етнички, верски или родово мотивирано насилство, пречекорување на службените овластувања, корупција, лажни вести и говор на омразата.Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе ги разгледаат сите пријави и ќе преземат активности што се во рамките на можностите и мандатот на Организацијата. Вашите податоци не се објавуваат јавно освен ако вие тоа не го побарате, велат од ЦИВИЛ.

Треба да знаете
Последни објави