Без вода утре ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Партизански одреди”, односно на потегот од улицата „Костурски Херои” до „Христо Смирненски”.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација”-Скопје прекинатото водоснабдување ќе биде поради дефект на затворач ф-80мм на булевар „Партизански одреди” 47, а корисниците вода ќе немаат од 8:40 часот до санирање на дефектот.