Од Ковид-19 починаа најмалку 760 илјади луѓе во светот

Новиот коронавирус уби најмалку 760.739 луѓе од избувнувањето во Кина минатиот декември, покажуваат официјалните податоци.

Најмалку 21.224.070 случаи се регистрирани во 196 земји и територии. Од нив, најмалку 12.988.000 оздравеле.

Многу земји ги тестираат само лицата со симптоми или најсериозните случаи, поради што се верува дека бројките во црната статистика всушност нецелосно ја рефлектираат реалната состојба.

.Во светот вчера се регистрирани 6.207 нови смртни случаи и 287.155 новозаразени. Според најновите информации, држави со најголем број смртни случаи се САД со 1.289 нови смртни случаи, по што следат Бразил со 1.060 и Индија со 996.

САД остануваат најтешко погодена земја со 168.466 смртни случаи од 5.314,021 заразени. Најмалку 1.796.326 лица оздравеле.

По САД, најпогодни држави се Бразил со 106.523 починати од 3.275.522 случаи, Мексико со 55.908 смртни случаи од 511.379 случаи, Индија со 49.036 починати од 2.566,192 смртни случаи и Велика Британија со 41.358 смртни случаи од 316 337 инфицирани.

Земја со најголем број смртни случаи во однос на нејзиното население е Белгија со 86 жртви на 100.000 жители, а потоа следат Перу (78), Шпанија 61, Велика Британија 61 и Италија 58

Кина, без Хонг Конг и Макао, досега има пријавено 84.808 случаи, вклучувајќи и 4.634 смртни случаи и 79.519 оздравени.

Латинска Америка и Карибите соопштија вкупно 237.791 смртни случаи од 6.024.075 заразени, во Европа 209.826 смртни случаи од 3.483.014 инфекции, а САД и Канада 177.502 смртни случаи од 5.445.445 позитивни на Ковид-19.

Азија пријави 78.347 починати од 3.868.649 случаи, Блискиот исток 31.780 смртни случаи од 1.307,456 заразени, Африка 25.081 смртни случаи од 1.098.312 инфицирани, а Океанија 412 починати од 25.136 случаи.

Треба да знаете
Последни објави