Во Словенија изминатите 24 часа се тестирани 1034 лица и се потврдени 32 новозаразени со ковид-19, или петмина помалку од вчера, а не е забележан ниту еден смртен случај.
Хоспитализирани се 16 луѓе заболени со ковид-19, од кои тројца се на интензивна нега.
Претходниот ден во Словенија од 937 тестирања потврдени биле 37 заразени, што е најмногу новоинфицирани во еден ден по 3 април, што словенските епидемиолози го оценуваат како загрижувачки пораст на бројот на случаи.
Со оглед дека меѓу новозаразените се и голем број увезени од Хрватска, словенските инфектолози најавија дека на почетокот на идната недела владата ќе предложи заострување на режимот за влез на патници од Хрватска.
Меѓу нив најголем број се млади Словенци, па како една од причините за заострување на режимот, се наведува и потребата да се заштитат условите за настава во училиштата со оглед на тоа дека почетокот на школската година е на почетокот на септември.