Шпанската цивилна гарда заплени криминално стекнат имот вреден повеќе од осум милиони евра и уапси 75 лица.
Тие се сомничат дека учествувале во меѓународна мрежа за трговија со мариихуана.
Мрежата делувала од шпанската провинциј Гранада, а акцијата е изведена во соработка со полското истражно биро, соопшти Европол.
Шпанските истражители претресле 24 локации и пронашле 2.690 насади со канабис, со улична вредност од над 3 милиони евра.
Запленети се вкупно 36 објекти и 50 возила чија вредност е над 8 милиони евра, како и речиси 200.000 евра во готовина.
На сметките на криминалците блокирани се уште 370.000 евра.
Уапсени се 69 шпански и шест полски државјани, кои се товарат за трговија со дрога и перење пари.