Членот на српскиот кризен штаб, епидемиологoт Предраг Кон, го изрази својот став дека публика никогаш повеќе не треба да има на спортски натпревари, доколку не се почитуваат мерките за физичко растојание, како превенција од коронавирусот.
„Мерките не смеат да бидат олабавени како првиот пат. Ова особено важи за спортските натпревари. Доколку не се гарантира дека мерките ќе се почитуваат, според мое мислење, никогаш повеќе не треба да има публика на натпреварите“, рече Кон за порталот „Објектив“.
Тој додаде дека стравува оти ситуацијата со нов бран на вирусот ќе се повтори откако ќе се олеснат мерките и предупреди дека тоа што веќе еднаш се случи во Србија, не смее да се повтори, пренесува „Танјуг“.