Лион приреди сензација во Лигата на шампионите и славеше во натпреварот со големиот фаворит Манчестер Сити (1-3) предводен од еден од најдобрите светски тренери Пеп Гвардиола.
Играч на натпреварот беше Муса Дембеле, кој влезе во игра во 75. минута и успеа да постигне два гола. Французинот стрелаше во 79. и 89. минута.
Претходно, предност за Лион донесе Корне во 24. минута, а за Сити изедначи Де Брујне во 69. минута. Ситуацијата можеше да биде поинаква да реализираше Стерлинг, кој го промаши невозможното во 85. минута, за изедначување на 2-2.
How can you live with yourself after this @sterling7
https://t.co/rBbF2Z5jPh— Tay 🦆 (@tayfatassduck) August 15, 2020
Лион во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе се соочи со Баерн Минхен кој претходно ја прегази Барселона. Во второто полуфинале ќе играат ПСЖ и РБ Лајпциг.