Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон пополаднево победи во квалификациите за Гран-прито во Шпанија. Ова е 200. пол позиција за болидите на Мерцедес во историјата на Формула 1.
Само моторите на Рено (213) и Ферари (229) имаат повеќе пол-позиции од Мерцедес.
За Хамилтон, пол-позицијата беше 93. Тој е со убедливо водство на листата. Мајкл Шумахер има 68 победи во квалификациите, Аиртон Сена има 65.