Факти кои го одбележаа денот:
- Агенција за обезбедување на власта со газда струмичанец покрај милиони евра од универзалниот снабдувач добивала државни и општински тендери со огромни суми.
- Покачената цена на струјата е дополнително зголемување на износот на пари кои власта ги дели преку тендери од државата и универзалниот снабдувач.
- Од Еуростандард банка биле вадени депозити пред пропаѓање на банката. Штедачите измамени.
- Бројките не стивнуваат, во последното деноноќие 141 новозаболен од Ковид 19 и 4-ца починати.
- Владата втор месец ги крие податоците за бројот на невработени лица.