САД денеска повикаа на транспарентна истрага за експлозијата во Бејрут, каде треба да пристигнат припадници на ФБИ за да им помогнат на либанските власти во истрагата.
– Ние мора да се осигураме дека се спроведува транспарентна, сеопфатна и кредибилна истрага, рече американскиот државен потсекретар за политички прашања Дејвид Хејл за време на посетата на пристаништето во Бејрут.
На 4 август пожар предизвика експлозија во магацин во пристаништето, каде според властите, изминативе шест години се чувани 2.750 тони амониум нитрат „без безбедносни мерки”, призна либанскиот премиер во оставка Хасан Диаб.