Во попладневните часови Мостар е погоден од силно невреме, а голема количина дожд и силен ветер им создадоа проблеми на жителите на градот на Неретва.
Според Кликс.ба, пороен дожд проследен со грмотевици, го погодил градот, при што многу улици се под вода, додека силен ветер ги крши гранките на дрвјата.
Федералниот хидрометеоролошки завод (ФХМЗ) објави дека во текот на денот се очекува претежно облачно време низ цела Босна и Херцеговина, а издаден е жолт метеоролошки аларм за цела држава.