Во Хаг денеска се уапсени 27 лица поради нередите во сиромашната населба, што избувнаа трета вечер по ред, поради одлуката на холандските власти да забранат отворање на хидранти за вода, кои вообичаено ги користат жителите на тој дел од градот за да се разладат во летните месеци.
Младите до раните утрински часови палеле магацини и фрлале камења и факели кон полицијата.
Немирите се прораширија и во градот Утрехт, а локалните медиуми наведуваат дека бројни семејства со мароканско и турско потекло живеат во тие области.
Хашката полиција соопшти дека демонстрантите биле уапсени за насилство на јавно место, поттикнување и насилно однесување.
Повеќе од 20 лица беа уапсени претходниот ден за слични дела.