Американскиот глумец Чак Норис сними видео порака до Александар Лукашенко, чија официјална победа на минатонеделните претседателски избори во Белорусија е оспорена од опозицијата и граѓанството во земјата, како и од меѓународната заедница.
Норис го нарече Лукашенко „Саша нула проценти”, „господин бубавшаба” и го повика да запре.
-Кога јас сечам кромид, кромидот плаче. Ако не престанеш да го правиш тоа што го правиш сега, тогаш ќе дојдам кај тебе во една од твоите резиденции и ќе те расплачам, му порача Норис на Лукашенко.
Фразата „Кога јас сечам кромид, кромидот плаче” се поврзува со Норис и неговите рољи на „брутални” карактери, кои што ги инспирираа корисниците на интернет да смислуваат иронични „факти” за глумецот а со алузија на неговите надчовечки способности.