Медицинскиот техничар Марко Белафиоре, од римската поликлиника „Умберто 1“, на социјалните мрежи реагираше на однесувањето на луѓето во Италија за време на епидемијата.
„Дојдете и тука кажете ми дека сè е добро, дека нема Ковид и дека може слободно да се забавуваме во диско. Во меѓувреме, ние сме тука во херметички костуми, на 30 степени”, напиша медицинскиот техничар во објава на својата фејсбук-страница.
Тој саркастично им објаснува на луѓето што може да се случи ако не ги следат правилата и опишува колку работа има додека под маска и во скафандер со часови го вдишува истиот топол воздух, поради, како што вели, туѓа негрижа.
„Баш ви е гајле, нема баш вие да завршите со цевка во устата… а ако тоа се случи, има будали кои за додаток од скоро 100 евра (бруто) месечно, работат полни смени во нуркачки стил… З***и правила. Одете на одмори, јас уште не сум бил. Можеби затоа сум малку контроверзен“, напиша тој.
За само неколку часа неговата порака се прошири на социјалните мрежи и стана една од ударните вести во италијанските медиуми.
Во Италија, бројот на заразени постојано расте веќе втора недела, а во последните 24 часа го достигна највисокото ниво од 23 мај, 629 новозаразени. Во некои региони РТ индикаторот за ширење на инфекција е над 1, што значи дека вирусот се шири експоненцијално.
https://www.facebook.com/marco.bellafiore/posts/10164004335635162