Обвинителството не отворило предмет за министерката за финансии Нина Ангеловска поради повлекувањето на парите од Еуростандард банка пред Народната банка да и ја одземе лиценцата за работа, објави ТВ 24.
Од Обвинителството за ТВ 24, образложиле дека постапуваат само ако се утврдени елементи на кривично дело, а во случајот повлекувањето пари не е тоа, бидејќи таа е сопственик на парите.
Ангеловска денеска ги демантира информациите во врска со повлекување на нејзините средства од Еуростандард банка, нагласувајќи дека не е точна сумата која се наведува во новинарските текстови, како и тоа дека прите ги повлекла пред згаснување на банката.
Министерката за финансии во писмената изјава тврди дека единствено е точно дека имала депозит во оваа банка и дека дел од парите претходно повлекла за да купи стан. Исто така, таа тврди дека не знаела дека на банката ќе и биде одземена дозволата за работа.