Министерството за образование и наука во моментов ги собира податоците колку дадениот модел комбинирана настава со онлајн може да функционира. Сепак ваквите модели треба дополнително да се разгледаат и да се види што е најдобро за да се кристализираат некои прашања и дилеми, изјави за Телма, министерот за образование Арбер Адеми.
-На пример од прво до трето имаме голем број ученици во одредени паралелки, треба да се поделат на групи и да се почитуваат протоколите кои веќе се подготвени од страна на мон. па потоа треба да се види што значи мал број ученици и во други општини. мислиме тука на други ученици од четврто до деветто одделение или за средните училишта каде што има мал број ученици, изјави Адеми.