Во текот на вчерашниот ден во земјава се регистрирани 141 нови случаи на КОВИД-19 од направените 2.006 тестирања, починаа четири лица, а 93 пациенти оздравеа. Во исто време на глобално ниво до вчера се регистрирани најмалку 21.224.070 инфицирани лица, од кои 760.739 починаа.
Од новите 141 нови случаи на инфицирани со корона вирусот во земјава, 51 се од Скопје, 19 од Куманово, 16 од Струга, 15 од Штип, по шест од Прилеп и Тетово, четири од Битола, по два од Велес, Виница, Гостивар, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Охрид, Пробиштип и Свети Николе и по еден од Берово, Гевгелија, Делчево, Кавадарци Неготино и Радовиш.
Во болнички услови почина четири пациенти – два од Скопје (54г. и 55г.) и по еден од Кавадарци (69г.) и Свети Николе (70г.), додека Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздрвени пациенти и тоа од Штип-33, Скопје-25, Кичево-11, Тетово-10, Битола-7, Велес-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Прилеп-1 и Пробиштип-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.653, бројот на оздравени пациенти е 9.123, а на починати е 539.
Во моментов во земјава има 2.991 активен случај на КОВИД-19, од кои 1.007 во Скопје, 275 во Штип, 266 во Гостивар, 262 во Куманово, 187 во Струга, 152 во Тетово, 106 во Кавадарци, 80 во Охрид, 75 во Битола, 67 во Дебар, 66 во Свети Николе, 49 во Македонски Брод, 41 во Виница, 37 во Прилеп, 34 во Кочани, 32 во Демир Хисар, 28 во Велес, 20 во Струмица, 19 во Пробиштип, 11 во Неготино, 10 во Гевгелија, по девет во Радовиш и во Ресен, осум во Берово, пет во Крива Паланка, по три во Делчево и во Кратово и по два во Валандово, Крушево и Пехчево.
До вчера на Инфективната клиника во Скопје вкупно се хоспитализирани 78 пациенти, од кои 41 се на кислородна поддршка, а нема ниту еден на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти и шест деца позитивни на вирусот, а во ГОБ „8 Септември” 75 пациенти, од ки четири се на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, а во болницата во Штип 43. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
До вчера во светот беа регистрирани најмалку 21.224.070 случаи на инфицирани од корона вирусот во 196 земји и територии, од кои најмалку досега 12.988.000 оздравеле, а починале најмалку 760.739 лица.
Поради новиот бран на коронавирусот, напорите за борба против инфекцијата се удвоени низ целиот свет, а многу земји воведоа дополнителни ограничувања.
По олеснувањето на мерките во почетокот на летото, многу земји сега воведуваат задолжително носење заштитна маска дури и на отворено. Во Брисел, од средата е задолжително носење маска, додека во Париз од вчера е проширен списокот со окрузи каде што мора да се носат маски.
Од вчера Велика Британија воведњ 14-дневен карантин за патниците од Франција, Холандија и Малта, помалку од еден месец по олеснување на рестриктивните мерки.