Во Босна и Херцеговина, според податоците на ентитетските заводи за јавно здравје, во изминатите 24 часа регистрирани се вкупно 228 новозаболени од коронавирус.
Во Федерацијата на БиХ тестирани се вкупно 546 примероци, од кои 148 се позитивни на ковид-19. Нови случаи се регистрирани во сите кантони во Федерацијата, пренесува порталот „Кликс“.
Досега се тестирани вкупно 101.842 примероци, а коронавирус е потврден кај 9.631 лице.
Заклучно до денес, во Федерацијата оздравеле 6.047 пациенти, додека моментално активни се 3.330 случаи на ковид-19.
Во последните 24 часа пријавени се девет смртни случаи. Вкупниот број на починати изнесува 254.
На подрачјето на Република Српска регистррани се 80 позитивни случаи. Тестирани се 301 примерок.