Во Србија 211 новозаразени и четворица починати од Ковид-19

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 211 нови случаи на заразени со корона вирусот, а во истиот период има и четири починати.

Овие бројки се добиени по извршени 6559 тестови.

Во болниците низ цела Србија има 73 лица на респиратор.

Вкупниот број позитивни на Ковид-19 во Србија од почетокот на епидемијата е 29682, а вкупниот број на починати е 674.

Од вчера граѓаните на Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија мора да покажат негативен резултат на ПЦР тест доколку сакаат да влезат во Србија.

 

Треба да знаете
Последни објави