Медицинска сестра од Црна Гора почина утрово во Клиничкиот центар, како последица од коронавирус, пренесуваат црногорските медиуми.
Според информациите, медицинската сестра Драгана Лонцовиќ (36)работела во Општата болница во Плевља.
Пред околу десетина дена, по позитивниот тест, таа била пренесена во болницата во Брезовиќ, а откако се влошила нејзината состојба, отишла во Клиничкиот центар во Подгорица, каде утрово починала, јавуваат црногорските медиуми.
Ова е втор смртен случај кај здравствените работници во Плевља како резултат на ковид-19