Најмалку пет луѓе загинаа и 10 се ранети во нападот во луксузен хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу. Според полициски извори, се уште се водат рпестрелки со напаѓачите кои држат заложници.
Полицијата во Сомалија соопшти дека експлодирал автомобил-бомба во близина на луксузниот хотел „Елит” на плажа во Могадишу и дека потоа имало размена на оган.
Во новоизградениот хотел „Елит”, доаѓаат млади луѓе од елитните кругови на главниот град на Сомалија. Тој напад го прекина повеќемесечното примирје. Екстремисти од сомалиските муслимани, бунтовници на ал-Шабаб, поврзани со Ал Каеда, најчесто организираат такви напади во Могадишу.
A local ambulance service reported 'many casualties' at Elite Hotel in #Mogadishu as armed men continue rampage shooting inside the popular beachfront hotel. The attack begun with huge car bomb on the front door of the hotel. #Somalia pic.twitter.com/suHrpbjfji
— Abdalle Ahmed Mumin (@Cabdalleaxmed) August 16, 2020