Бројот на заразените со коронавирус во Психијатриската болница во Демир Хисар се зголеми на 28, откако денеска се регистрирани уште седум позитивни, од кои 6 се пациенти и еден вработен. Сите се асимптоматски и изолирани во посебно одделение, заедно со останатите заразени, објави Телма.
Од заразените 28 лица, 25 се пациенти и три се вработени – медицинска сестра и двајца од помошниот персонал.
Минатата недела 73 – годишен штитеник на оваа болница почина во градската болница „8 Септември“ во Скопје поради компликации од ковид-19.
Во оваа болница има 296 пациенти. Посетите се забранети, ниту пак пациентите можат да излезат од болницата, и не се знае како заразата е пренесена.
Од Министерството за здравство велат дека оваа институција уште од самиот почеток на пандемијата има протокол за прием на пациенти кој освен мерење телесна температура и епидемиолошка анкета, пациентот мора да помине 14 дена во изолација во посебен објект во установата наменет само за тоа.