Стотици полицајци извршија претрес во раните утрински во барови, чајџилници и нелегални казина во западна Германија при при што се запленети 34.000 евра, 19 слот-машини и тутун, јави ДПА.
Единаесет продавници беа затворени заради кршење на мерките против коронавирусот.
Никој не е приведен, но рациите се поврзани со сомневања за перење пари и затајување данок.
Херберт Ројл, министер за внатрешни работи на германската провинција Северна Рајна-Вестфалија, каде се случија повеќето претреси, рече дека полициските акции се важен сигнал што покажува дека државата спроведува стратегија за нула толеранција против криминалот.
Претреси беа извршени во градовите Есен, Бохум, Херне, Витен, Гелзенкирхен, Дортмунд, Вупертал и во округот Метман.