Бројот на новозаразени со коронавирус во Турција се зголеми за 1.256 во текот на вчерашниот ден, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коча на својот профил на Твитер.
Тоа е рекорден број новозаразени лица од јуни.
Вкупниот број на заразени лица со Ковид-19 во таа земја е 278.117.
Во Турција починаа 21 лице во изминатите 24 часа, така што смртниот биланс изнесува 5.955.
Турција ги укина делумните рестриктивни мерки на 1 јуни и планира да ги отвори училиштата следниот месец.