Фекри Ахмети, брат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја разбранува македонската јавност откако на социјалните мрежи се појави негово видео обраќање кое медиумите го окарактеризираа како говор на омраза и обраќање кон Албанците со порака да се звртат кон Албанија, како можат да бидат браќа со непријатели, да се спасат од нивните канџи, а тие нека цркнат во сопствениот инает.
https://www.facebook.com/BabaLaziTrapNeLazi/videos/594355084586158/?t=19
Ахмети денеска демантира дека целта со објавеното видео му била да шири национална омраза. Тој се оправдува дека го цитирал дел од поема на познатиот албански автор, Асдрен.
-Погрешно е да се верува во сè што ќе објавуваат порталите, без да се прави соодветно истражување. Ова во никој случај не е „порака полна со омраза“, таа песна што ја рецитирав е од големиот албански автор Асдрен. Ако уметноста и поезијата се погрешни, и ако луѓето не се слободни слободно да се изразат, тогаш без сомнение се враќаме назад, напишал Фекри.