Народна банка се огласи со соопштение во врска со последните шпекулации во врска со затворањето на Еуростандард банка.
„Народната банка е институција со уставно и законски гарантирана самостојност и независност, којашто при остварување на своите законски утврдени цели и задачи се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните.
Токму ваквата независност и професионалноста во остварувањето на целите и задачите на Народната банка е она што со години наназад ги гарантира одржувањето на стабилноста на денарот, банкарскиот систем, односно финансиската и севкупната макроекономска стабилност.
Оттаму, повикуваме сите субјекти да ги почитуваат самостојноста и независноста на Народната банка и нејзините одлуки да не ги ставаат во политички контексти.“