Случајот со заболувањето на шест кинески рудари во 2012 година, од кои тројца починаа, натера некои научници да го доведат во прашање потеклото на пандемијата на вирусот корона и да развијат теза дека вирусот не потекнува од Вухан, туку од рудник во југозападна Кина, преполн со лилјаци.
Имено, вирологот Џонатан Латам и молекуларниот биолог Алисон Вилсон, двајцата од непрофитната организација „Bioscience research“, дошле до тој заклучок откако превеле магистерска теза од кинески доктор, кој ги лекувал кинеските рудари, а примероци од нивното ткиво испратиле во Институтот за вирологија во Вухан.
Станува збор за труд од 66 страници, а Латам и Вилсон во авторски текст објавен на нивната веб-страница на Independent Science News, истакнале дека „доказите содржани во трудот ги натерале да преиспитаат сè што мислеле дека знаеле за потеклото на пандемијата со Ковид 19 “.
Во април 2012 година, шест рудари во југозападната кинеска провинција Јунан се разболеле откако поминале повеќе од 14 дена отстранувајќи измет од лилјаци од јамата. Тројца подоцна починале, а било наведено дека имале нешто како воспаление на белите дробови. Во својата теза кинескиот доктор Ли Су навел дека рударите имале висока температура, сува кашлица, а некои се пожалиле на главоболки, што, како што истакнуваат Латам и Вилсон, се сите симптоми што сега се поврзани со Ковид-19. Тие биле третирани на сличен начин како и сегашните пациенти со коронавирус.
Откако извршил неколку тестови, вклучително и денга треска, хепатитис и ХИВ, лекарот се консултирал со неколку специјалисти низ цела Кина, меѓу кои и вирологот Жонг Наншан, кој помогнал да се стави под контрола епидемијата на САРС во 2003 година и важи за најголемиот научник во земјата.
– Разговорот со него е важен. Тоа имплицира дека постоела загриженост поради болеста на шесте рудари, како и тоа оти се сметало дека најверојатната причина е корона вирус сличен на САРС, изјавија Латан и Вилсон.
Истражувачите од лабораторијата Вухан откриле дека изворот на инфекцијата е вирусот корона сличенна САРС од кинески лилјаци, се наведува во тезата.
Летам и Вилсон се на мислење дека вирусот, откако се нашол во телата на рударите „мутирал во САРС КoВ 2“ и дека примероците некако „избегале“ од лабораторијата минатата година, што ја предизвика пандемијата.
Кина ги негираше тврдењата дека вирусот можеби потекнува од лабораторијата, а Светската здравствена организација исто така постојано тврди дека вирусот потекнува од природата.