Францускиот претседател Емануел Макрон е горд на настапот на фудбалските тимови на неговата земја на најпрестижниот турнир во Лигата на шампионите.
Лион синоќа го совлада Манчестер Сити и му се придружи на веќе квалификуваниот Пари Сен Жермен.
-Во полуфиналето на Лигата на шампионите, ПСЖ ќе се соочи со РБ Лајпциг, а Лион ќе игра со Баерн Минхен. Во Брисел, како и на теренот, Германија и Франција се моторите на Европа! Се надевам дека канцеларката Меркел не ме обвини за поддршка на Париз и Лион во вторник и среда”, напиша Макрон на Твитер.
Les demi-finales de la @ChampionsLeague opposeront le @PSG_inside à @DieRotenBullen et l’@OL au @FCBayern. À Bruxelles comme sur les terrains, la France et l’Allemagne, moteurs de l’Europe ! La Chancelière Merkel ne m’en voudra pas de soutenir Paris et Lyon mardi et mercredi…
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) August 15, 2020