Кике Сетиен е минато за Барселона, тимот од Каталонија ќе добие нов тренер, потврди претседателот на клубот Жозеп Бартомеу.
По дебаклот од Баерн Минхен и осумте примени гола, беше јасно дека Сетиен е под огромен притисок и дека прашање на време е кога ќе добие отказ. Барселона не памети таков пораз, а сите го вперија прстот кон тренерот.
„Сетиен е минато“, потврди Бартомеу дека се разделиле со стратегот. Одлуката на клупскиот сајт ќе се официјализира в понеделник, кога ќе се состане бордот на директори. На големо се пишува дека во целата ситуација ќе „настрада“ и Ерик Абидал.