Бојко Борисов изгледаше многу посимпатичен кога на двапати, арогантно, поднесуваше оставка. А сега? Сега се фатил за власта како давеник за сламка. Можеби затоа што има од што да се плаши.
Лидерот на „Да, Бугарија“, Христо Иванов, неколку пати предупреди дека Борисов е заложник на задкулисноста. И затоа се плаши да ја пушти власта, затоа што знае дека ќе стане „плен на неговите поранешни пријатели“. Ако тоа се случи, барем на прв поглед ќе биде разнишан митот за недопирливите политичари во Бугарија, кои никој не ги задева откако ќе се симнат од власт. А, дури и ако ги „задеваат“, тие завршуваат со ослободување или прекин на случаите.
Ова е токму она што се случи со премиерот на тројната коалиција, Сергеј Станишев, кој беше обвинет во 2009 година за седум изгубени тајни извештаи. Трипартитната коалиција имаше многу поголеми престапи, но не се соочи со никакви последици и покрај заканата на Борисов пред изборите во 2009 година дека: „Ќе ги однесам Станишев и Доган во затвор“.
Целиот текст прочитајте го тука