Неколку лица се обиделе да украдат еден од столбовите за улично осветлување на улицата Цветан Димов во Чаир, но биле фатени од полицијата. Инцидентот се случил вчера, а за него преку социјалната мрежа Фејсбук информираше скопскиот градоначаник, Петре Шилегов.
-Благодарение на совесните граѓани кои го пријавија случајот, сторителите беа фатени на дело, заработија казни од градската инспекција и полицијата, а до крајот на денот столбот беше повторно подигнат на истото место, напиша Шилегов.
https://www.facebook.com/p.shilegov/posts/2586889994973860