Иако гафовите му се чести, а појавувањата во јавност ретки, демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден според анкетите има голема предност во пресрет на претседателските избори во ноември, кои поради пандемијата на коронавирус и економската криза ќе бидат референдум за Доналд Трамп.
Поради ковид-19, Трамп не може да ги одржува своите омилени политички собири, но својата претседателска положба ја искористи да остане во центарот на вниманието на јавноста.
Од друга страна, 77-годишниот Бајден се појави само на неколку настани во рамки на кампањата и поголем дел од времето го помина во својот дом во Вилмингтон во државата Делавер.
Со ретките јавни настапи, Бајден ја минимизираше можноста да се зарази со коронавирус, но и да погреши. Па така, според анкетите, тоа му се исплатело.
Според страницата „Риал Клиар Политикс“, која дава просек на сите релевантни анкети на национално ниво, Бајден има 7,9 проценти предност пред Трамп.
Алан Лихтман, професор по историја на американскиот универзитет во Вашингтон, точно ги предвиде резултатите на сите американски претседателски избори од 1984 година, вклучително и изненадувачката победа на Трамп во 2016 година.
Лихтман предвидува дека на изборите на 3 ноември ќе победи Бајден.
„Тоа воопшто нема врска со Џо Бајден. Тоа не зависи ниту од карактерот на Доналд Трамп“ рекол Лихтаман во интервју за АФП.
Тој својата прогноза ја темели на она што го нарекува „13 клучеви од Белата куќа“. Последниот „клуч“, наведува Лихтман, Бајден не го исполнува.
„Тој е многу сочувствителен и искрен човек, но не охрабрувачки“, рече тој.
Лихтман рече кон крајот на минатата година дека Трамп има добри шанси за повторен избор.
„После тоа, тој направи огромна грешка затоа што мислеше дека може да ја избегне кризата што ја зафати земјата, пандемијата, кризата на социјална правда и економскиот пад“, рече Лихтман.
Покрај тоа, убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд предизвика протести низ целата земја против расната неправда и полициската бруталност. Одговорот на Трамп на пандемијата и протестите беше сериозно критикуван, а поддршката за Бајден порасна на анкетите.
„Со својата многу воздржана кампања, Бајден го насочи вниманието на претседателот Трамп“, вели Кристофер Артетон, професор за политички менаџмент на универзитетот Џорџ Вашингтон.
„Поради начинот на кој Трамп управува со кризи, многу гласачи го сменија ставот од „неодлучен“ во „Јас нема да гласам за него“, додава Артертн.
И покрај раководството на Бајден, Лихтман и Артертн не сметаат дека победата на Бајден е сигурна.
„Тој (Трамп) ќе стори сé, тој е бескрупулозен“, вели демократот Лихтман.
И покрај неговата пресметка, Лихтман сè уште не е сигурен во победата на Бајден поради две работи што не влегуваат во неговите „клучеви“.
Првата е дека Трамп ќе стори сé за да го отежни гласањето, бидејќи верува дека тоа нема да биде во негова корист, а втората е „руска интервенција“.