Албанците не заслужуваат толку недостоинствена и неконзистентна опозиција која поставува услови само за Албанците, додека скитаат по ходниците на СДСМ и на ВМРО само за да предизвикаат неуспех во реализацијата на националните прашања, `и порача ДУИ на албанската опозиција.
„Поднесете оставка за својата 16-та загуба по ред, бидете достоинствени и со демократски капацитет и не потценувајте ги Албанците. Неуспешните узурпатори на опозицискиот кампус својот личен неуспех го претвораат во неуспех на Албанците стоејќи на шалтерите на СДСМ и ВМРО дење и ноќе со молби албанските барања да не се реализираат, велат од ДУИ, обраќајќи му се на генсекот на Алијанс за Албанците, Арбен Таравари.
Според ДУИ, Албанците никогаш нема да го заборават ова понижување и ова неумесно однесување на албанската опозиција, како и неразумното напуштање на Заедничката тркалезна маса на албанските парламентарни партии.
-Поднесете оставка и ослободете ја опозициската сцена која многу години ја окупирате заради лични интереси. Албанците се одлучија за ДУИ и ние имаме обврска да се грижиме и за опозициските гласачи затоа што тие не гласаа за вас да останете на приемните шалтери во ходниците на СДСМ и ВМРО, туку да го застапувате албанскиот интерес и да не работите за нарушување и неуспех“ велат од ДУИ.