Возило на турската армија било погодено за време на експлозија што се случила за време на заедничката патрола на руски и турски војници во Идлиб, Сирија.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските војници не се повредени, пренесува „Ројтерс“, наведува агенцијата РИА.
Од март руските и турските сили патролираат заедно на автопатот М4 во Сирија, кој ги поврзува провинциите Латакија и Алепо.