Италијанските власти наредија затворање на дискотеките, а задолжително ќе биде и носењето маски ноќе на јавни места, откако земјата се соочува со зголемен број случаи на заразени со Ковид-19.
Министерот за здравство, Роберто Сперанца, потпиша декрет со кој веднаш стапува на сила оваа мерка. Со декретот задолжително е носење заштитна маска од 18 часот до 6 часот наутро на јавни места каде има формирање групи.Новиот декрет забранува и италијаработење на отворените дискотеки и ноќни клубови.
Во Италија, бројот на заразени постојано расте веќе втора недела, а викендов го достигна највисокото ниво од 23 мај – 629 новозаразени.