Мадона го славеше својот 62. роденден на Јамајка

Мадона продолжи да се забавува по повод својот 62-ти роденден во неделата, и сподели доста невобичаена и смела фотографија за милионите следачи на Инстаграм.

Кралицата на попот седи на столче од црвено кадифе во цветен фустан и со загадочна насмевка на лицето, а во рацете држи послужавник прекриен со ролни марихуана. Без сомнение, ова е невообичаено и смело, па дури и за Мадона.

Нејзин роденден е, и таа ќе пуши џоинт ако сака, коментираат табоидите.

„Добредојдовте на Јамајка …“ ја наслови објавата, во која беа додадени и неколку други фотографии од забавата на која присуствуваше и ќерка ѝЛола (23), како и доста помладиот партнер танчерот Ахламалик Вилијамс (25).

Таа прими честитка од Ким Кардашијан на која има селфи од нив двете и порака: „Среќен роденден Мадона, на оваа планета нема друга како тебе!!!Те сакам !!!!!!“

Треба да знаете
Последни објави