Во гостувањето во Само вистина на Канал 5, аналитичарот Алберт Муслиу истакна дека уставноста на премиерот ја одредува бројката 61 кај нас.
Не верувам дека ќе се оди на тие формули 3+1 односно три години премиер Заев а една ДУИ. И да се оди тука нема ништо противуставно, владата може секој 3 месеци да бира премиер тоа е нивна волја исто како што бираат технички премиер пред избори и нема ништо неуставно. Уставноста на премиерот ја одредува бројката 61 кај нас, може секој две недели тоа да го прават. Друга работа колку е тоа политичко самоубиство.
- Верувам дека ќе изнајдат решение кое е одржливо за двете страни и да не ги оштети двете страни. Премиер може да изберат кого сакаат, не од 15 од ДУИ може да изберат од некој што има 1 пратеник во Собранието, тој ја има и легитимноста и легалноста. Двете страни имаат интерес и верувам дека се договориле.
Во опкружувањето и во Косово, Албанија и Србија сме имале премиери од помалите партии, кај нас драмата настана затоа што ДУИ промовира премиер Албанец, рече Муслиу.