Уличниот артист Андреј Јосифовски – „Пијанист“ наслика уметнички мурал за Халкбанк АД Скопје
Од неодамна, зградата веднаш до гимназијата „Јосип Брз Тито“ ја краси нов уметнички мурал, насликан од познатиот архитект и уличен артист од Белград, Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист“. Овој мурал е поставен по нарачка на Халкбанк и всушност претставува првата арт-реклама на ѕидна фасада во Скопје. Пораката зад делото е „Важни се луѓето“, која истовремено е и корпоративниот слоган на Халкбанк, и со овој потег банката наместо да вложува во класично надворешно рекламирање, се потруди на креативен начин да придонесе за вистинско разубавување на градот, но и да им оддаде почит на луѓето од заедницата и на вистинските вредности што треба да се негуваат. Цртежот е долг вкупно 15 метри, широк 10 метри и зафаќа површина од околу 150 метри квадратни. За негова изведба беа потребни вкупно 5 дена, а „Пијанист“ работеше сосем сам како артист за муралот.
Подолу погледнете ја галеријата од изведбата на муралот, а ви ја пренесуваме и пораката која Халкбанк му ја даде на „Пијанист” за инспирација за решението.
„Важни се луѓето.
Важни се луѓето од ова соседство…
Важна е дамата што живее во оваа зграда; Важно е момчето што оди во ова училиште; Важна е девојката од соседството; Важен е човекот од околината што посветено работи…
Важни се сите луѓе под ова наше Сонце.
Но, важна е и поддршката. Важна е поддршката што треба да си ја даваме еден на друг секогаш кога таа ни е потребна.
А како Халкбанк се трудиме да го докажеме токму тоа:
Важни се луѓето. Важна е поддршката.“