Реал Мадрид го контактираше агентот на Бејл за да го убеди играчот да замине

Реал Мадрид се обидува на секој начин да се раздели со еден од најплатените играчи во тимот Герет Бејл, пренесува „Марка”.

Фудбалерот не е вклучен во плановите на тренерот Зинедин Зидан и тој самиот повеќе пати јасно стави до знаење дека не сака да даде се од себе на теренот и е подготвен да седи на клупата за резерви до крајот на договорот.

Мадридскиот клуб беше принуден да контактира со претставникот на Бејл, Барнет, кој важи за еден од највлијателните фудбалски агенти.

Тековниот договор на Бејл истекува во летото 2022 година. Велшанецот се пресели во Реал од Тотенхем во 2013 година за рекордни 100 милиони евра во тоа време. 

Треба да знаете
Последни објави