Руски воен авион пресретна американски шпионски авион над Балтичко Море

Руски авион ловец Су-27СМ денеска пресретна американски авион РЦ-135 во близина на руската граница над Балтичко Море, соопшти денеска рускиот Национален центар за контрола на одбраната.

– Рускиот воен екипаж се доближи до воздушниот објект на безбедна оддалеченост и го идентификува како стратешки извидувачки авион на американското воено воздухопловство РЦ-135, се наведува во соопштението од Центарот.

Во соопштението се истакнува дека откако американскиот шпионски авион се оддалечил од руската граница, рускиот авион ловец безбедно се вратил во базата.

Треба да знаете
Последни објави