Се одложи рочиштето за случајот „Насилство во општина Центар“ на првиот ден по судската Ферија.
Причината поради која рочиштето е закажано за 17ти септември е бидејќи на новиот адвокат на обвинетиот Александар Трајковски му требало време да се запознае со предметот.
Инаку на денешното рочиште судијата го одби барањето на обвинетиот Миле Јанакиевски, поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протуѓер уште еднаш да биде сослушан во својство на сведок.
Претходно одбраната на дел од обвинетите побара и да ги добијат ЦД-ата на вештото лице од Србија, Слободан Јовиќиќ, каде што се слушат разговори на дел од обвинетите во случајот. Одбрната предложи да сведочат Ивица Коневски, Јордан Камчев и Кирил Божиновски, но судијата Душан Јосифов ги одби сите барања на обвинетите.
Овој предмет почна од почеток лани.
Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за Транспорт и врски Миле Јанакиевски, поранешната пратеничка Даниела Рангелова и уште 11 лица. Според обвинението Груевски со умисла го поттикнал Јанакиевски да изврши насилство врз поранешниот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски и членовите на советот на општината.