Поради влошената епидемиолошка ситуација, Хрватска и Грција би можеле да се најдат на „црвената листа“ на Велика Британија, пишува британски „Дејли мејл“.
Британците кои се наоѓаат на одмор во Хрватска и Грција, како што се наведува, се соочуваат со можност за итно враќање во татковината, поради страв дека наведените две земји би можеле да се најдат на „црвената листа“ на британската влада.
Ова се случува во моменти кога британската влада очајнички се обидува да го контролира ширењето на пандемијата.
Британската јавност е се по гневна поради начинот на кој британската влада носи правила за патување во екот на пандемијата.
Владините министри се охрабрени наместо 14-дневен карантин да воведат брзо тестирање на коронавирус на аеродромите, пред да стават повеќе земји на „црвената листа“.
„Дејли меил“, имено, наведува дека Франција и Шпанија би можеле да бидат на истиот список на Велика Британија, која деновиве бележи и нагло зголемување на бројот на заразени лица.