Англискиот голман Џо Харт е нов играч на Тотенхем. Оваа информација ја пренесе новинарот Фабрицио Романо.
Тотенхем наскоро ќе ја официјализира соработката.
Поранешниот прв голман на репрезентацијата на Англија и Манчестер Сити има 33 години и се очекува да биде резерва за Лорис.
Тој е без клуб од 1 јули, кога му истече договорот со Барнли, на кој беше член во претходните две сезони.
Од заминувањето од Сити, тој исто така бранеше за Вест Хем и Торино.
Тој има и 75 настапи за Англија.