Huawei Consumer Business Group (CBG) доби уште едно меѓународно признание – две EISA (Expert Image and Sound Association) награди кои беа доделени од страна на комисија составена од претставници на 55 од најавторитетните технолошки медиуми во светот. Предводникот HUAWEI P40 Pro беше именуван како „EISA Smartphone Camera 2020 – 2021“ (најдобра камера на смартфон за 2020-2021), а HUAWEI WATCH GT 2 ја освои наградата „Best Smartwatch 2020-2021“ (најдобар паметен часовник за 2020-2021). EISA го прогласи HUAWEI P40 Pro за „вистински шампион во својата класа“, препознавајќи ги високите можности на камерата на телефонот, технологијата на дисплејот и луксузниот дизајн. Висока оцена беше дадена и за HUAWEI WATCH GT 2, со тоа што Асоцијацијата го прогласи за „модерна класика“, благодарение на интелигентниот дизајн на часовникот и многуте фитнес карактеристики. Среќни сме што добивме признание од страна на EISA уште една година по ред и особено ни е драго што станува збор за два наши производи оваа година – HUAWEI P40 Pro и HUAWEI WATCH GT 2“, изјави Кевин Хо, претседател на Handset Business, Huawei Consumer Business Group. „Со секој уред, Huawei е посветен на обезбедување возбудливи нови искуства за потрошувачите, од смарт часовник со кој можете да ги достигнете границите на вежбањето како животен стил, HUAWEI WATCH GT 2, до паметен телефон што создава нови правила во фотографијата, HUAWEI P40 Pro“, додаде тој. EISA го карактеризира „луксузно дизајнираниот“ HUAWEI P40 Pro како совршен придружник за сите оние кои го користат својот паметен телефон за да прават неверојатни фотографии секој ден. Според Асоцијацијата, предводникот на Huawei отелотворува уште една важна фаза во развојот на мобилната фотографија. Оваа награда е добиена благодарение на ненадминливите фотографски способности на HUAWEI P40 Pro, од главната 50-мегапикселна Ultra Vision камера со автофокус и оптичка стабилизација, преку перископскиот, телефонски објектив со 12 MP, што овозможува 5x оптичко зумирање, до неверојатна ултра широка cine камера од 40 MP за неверојатно видео. Покрај сето ова, P40 Pro има ToF 3D длабочина со вештачка интелигенција, а сето тоа им овозможува на корисниците технолошко искуство од прва класа, за кое EISA вели дека „ја носи технологијата на камери за паметни телефони далеку понапред“. Што се однесува до годинешниот добитник во категоријата „Најдобар паметен часовник “- HUAWEI WATCH GT 2, EISA го дефинира како уред кој „владее со можностите на современите паметни часовници“, благодарение на неговиот дизајн, AMOLED дисплејот и физичката контрола. Со траење на батеријата до две недели и повеќе фитнес функции, HUAWEI WATCH GT 2 може да следи 15 режими на тренинг и 85 персонализирани вежби. Благодарение на TruSleep технологијата на HUAWEI WATCH GT 2, може да се следи квалитетот на спиењето, отчукувањата на срцето, нивото на стрес и мерењето на заситеноста на кислородот во крвта. HUAWEI WATCH GT 2 поддржува и секојдневни функции, како што се примање на повици преку Bluetooth технологија, известувања на апликации и меморирање музика, дозволувајќи им на корисниците лесно да ги поврзат своите безжични слушалки HUAWEI FreeBuds3 и да слушаат музика во движење.
Членовите на EISA комисијата доаѓаат од реномирани медиуми од сите области на технолошката индустрија од 29 земји, од кои секој придонесува со својата експертиза за евалуација во шест категории на EISA – фотографија, мобилни уреди, Hi-Fi, домашно аудио, домашно видео и електронски уреди за автомобили. Секоја година, членовите на EISA номинираат сет на уреди за кои сметаат дека заслужуваат да се натпреваруваат во овие шест категории.