Посебна салама, парче сирење и без топла вода со ваучерите во македонските хотели

Парче сирење, „посебна„ салама, најефтина и најмала паштета, парче маргарин и сув леб. Вака го опишуваат појадокот на социјалните мрежи корисниците на ваучери за туризам кои им беа доделени  од државата за развој на домашниот тризам.

24 инфо стапи во контакт со дел од нив. За некои одморот поминал „добро за парите“, а за други наместо одмор ова било вистинско измачување.

Корисник на ваучер од Скопје вели дека во собата немало топла вода во секое време туку само во одреден ден на денот. Мајка, пак, на бебе неможела да мие садови ниту пак да пере зошто немало ладна вода. Во купатилата вистински хаос. Во дел од хотелите можеле да готват само на тераса на плински уред, а ако побараат друга соба подобра од таа која им била понудена морале да доплаќаат.

-Мајка сум на две малолетни деца и годинава одморот го поминавме во земјава во еден од хотелите кои нудеа сместување со ваучери. Но за шест дена колку што бевме во хотелот никој не помина ниту да зачисти, ниту пак да смени постелнина и пешкири. Ѓубрето сами си го фрлавме во контејнерите  покрај хотелот, вели жителка на Скопје.

Мајка од Куманово била сама со две деца. Вели дека за појадок и вечера немало зеленчук, домат и краставица, кој е најефтин во овој,период од годината.

-Зелка салата сред лето, без чај, сокови и млеко за појадок. Вечерата посебна приказна, секој ден компир- пишува една кумановка.

Домашните сместувачки капацитети од минатиот месец ги отворија вратите за туристите кои плаќаат со ваучери за туризам што им ги додели државата. На платформата на Мнистерството за економија се пријавени 443 сместувачки капацитети низ државата, меѓу кои и елитни хотели, потоа приватни соби, вили, апартмани, кампови, одморалишта…До 15 декември годинава во нив ќе можат да отседнат 117.122 граѓани со ниски примања кои добија ваучер за туризам од 6.000 денари, а заедно со него и домашна платежна картичка со 3.000 денари.

Ваучерот гласи на име и него може да го користи само лицето што го поседува. Ако не го искористи во целина или делумно до 15 декември, ваучерот, односно преостанатиот износ ќе пропадне. Ако, пак, престојот во домашниот сместувачки капацитет е поскап од 6.000 денари, корисникот на ваучерот може да доплати со свои пари. Откако ќе бидат искористени ваучерите, Министерството за економија ќе им ги исплати средствата на туристичките капацитети за дадените услуги врз основа на доставена месечна фактура и месечен извештај за реализираните ваучери.

Ваучер е доделен на сите вработени граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата за јавни приходи.

Граѓаните ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети  можат да ги користат од 15 јули 2020 година до 15 декември 2020 година.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави